Македонската репрезентативка Сара Ристовска заедно со екипата на ЦСКА Москва денеска ќе имаат нов предизвик.
ЦСКА Москва ја очекува реванш дуелот против Черноморочка во рамки од четвртфиналето во Купот на Русија.
Черноморочка го доби првиот дуел со 28:26, па така Ристовска и колешките ќе мора да го дадат максимумот доколку посакуваат пласманот на завршницата.
Екипата на Ристовска во претходните две години го освојуваше Купот во „зборнаја“ и оваа година ќе посакува да дојде до трета последователна Куп титула.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
15:30 АСТРАХАНОЧКА – ДИНАМО (РУСИЈА)
17:00 ЛУЧ – ТОЉАТИ (РУСИЈА)
17:00 ЅВЕНИГОРОД – РОСТОВ (РУСИЈА)
17:30 ЦСКА – ЧЕРНОМОРОЧКА (РУСИЈА)
19:00 ХОРСЕНС – ЕСБЈЕРГ (ДАНСКА)
20:00 СКАНДЕРБОРГ – ИКАСТ (ДАНСКА)