Екипата на Кишварда, во која настапува репрезентативката на Македонија, Ивана Џатевска, беше елиминирана во четвртфиналето од Купот на Унгарија.
Џатевска и Кишварда во четвртфиналето налетаа на силниот Ѓер, кој без многу проблеми триумфираше со 37:17.
Репрезентативката на Македонија се покажа во солидно светло и натпреварот го заврши со 100% реализација, имаше два од два.
Кружниот напаѓач покажа задоволителна игра и во одбраната, па така нејзината добра форма треба да биде одлична вест за селекторот Кристијан Грчевски.
Следниот предизвик за Кишварда ќе биде дуелот против МТК Будимпешта во рамки од 14. коло од најсилното унгарско натпреварување.