Репрезентацијата на Франција стана европски шампион по триумфот по продолженијата над актуелниот светски шампион Данска со 33-31.
Во земјата на новиот европски шампион, финалето со скандинавската земја го гледале 5,2 милиони луѓе на телевизискиот канал TF1.
Тоа се околу 30 проценти од гледачите кои во тоа време биле пред малите екрани. Доколку се земи во предвид дека голем број од ракометните љубители натпреварите ги следат и на ЕХФ ТВ каналот, тогаш бројот е уште поголем.
Дополнителните десет минути, кои ја одложиле информативната програма на телевизиски канал TF1, ги следеле околу осум милиони гледачи.
Доделувањето на медалите, односно прогласувањето на Франција за новиот шампион на Европа во просек го гледале 6,5 милиони гледачи на TF1 каналот.
Овој податок го објави француската компанија за истражување на медиумите – Mediametrie.
Освен на TF1, финалето било пренесувано и на платениот канал beIN Sports, кој сè уште не ги објави своите бројки.