По кратките подготовки што ги одработија во Грција, ракометарите на Бутел Скопје се вратија во Македонија и го одиграа четвртиот пријателски натпревар.
Избраниците на Горан Кузманоски прославија триумф со 33-22 против неговиот поранешен тим Прилеп.
Претходно во Грција, Бутел славеше против квалитетниот тим на ПАОК на првата меѓусебна средба со 29-25, а на втората беше поразен со 30-27.
Бутелци го совладаа и Килкис со 37-36, а последниот пријателски натпревар пред стартот на пролетниот дел од сезоната го играат в среда против Куманово.