Македонија ќе игра против селекцијата на Фарски Острови во баражот за Светското првенство 2025 во Хрватска, Данска и Норвешка.
Селекторот Кире Лазаров вели дека добивме неатрактивен, но многу квалитетен ривал и очекува неизвесен двомеч.
„Добивме квалитетен противник кој со квалитетот на играта направи проблеми на сериозни европски селекции на последното Европското првенство. Имаат огромен напредок во сите ракометни категории во последните три-четири години. Неатрактивна ракометна национална селекција, но многу квалитетна. Имаме време добро да се подготвиме за бараж натпреварот. Очекувам неизвесен дуел на двата натпревари. Имаме подеднакви шанси за пласман на СП 2025“, вели Лазаров.
Првиот меч се игра во Торшавн на 8/9 мај, додека реваншот по кој ќе биде познат патникот на Мундијалот ќе биде во Скопје на 11/12 мај.
Познат ривалот – еве кој стои на патот на Македонија до Мундијалот во 2025!