Денеска во Келн беше извршена ждрепката за баражот за Светското првенство што во 2025 година ќе се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.
Македонија за ривал ја доби селекцијата на Фарски Острови, а пеколно мина нашиот северен сосед Србија.
Србите ќе мора да ги вкрстат копјата со Шпанија, а Црна Гора имаше добра ждрепка бидејќи ќе се соочи со победникот од двомечот меѓу Белгија и Италија.
Чешка за место на СП ќе мора да се избори со Романија, додека Словенија ќе игра против Швајцарија.
Бараж за СП 2025, двојки:
Фарски Острови – Македонија
Финска/Литванија – Унгарија
Белгија/Италија – Црна Гора
Грција – Холандија
Романија – Чешка
Шпанија – Србија
Полска – Словачка/Израел
Грузија – Австрија
Словенија – Швајцарија
Португалија – Босна и Херцеговина
Исланд – Естонија/Украина