По поразот од Металопластика Шабац, ракометарите на Охрид забележаа втор пораз на подготовките во Србија.
Охриѓани загубија убедливо од српскиот шампион Војводина со 37-26 на турнирот „Драго Јововиќ“.
Амбициозниот тим предводен од Стевче Алушовски го очекуваат уште три пријателски средби во Србија пред враќањето во Македонија.
Претходно во Грција, Охрид ги победи Дукас и АЕК Атина, а беше поразен од вицепрвак Олимпијакос.
Охрид го стартува плеј-офот со два бода, а прв предизвик ќе биде гостувањето кај Бутел Скопје.