Поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје и Струга – Богдан Николиќ, ќе има нов предизвик во кариерата.
Црногорскиот среден бек откако го заврши прestojot во Обединетите Арапски Емирати, каде што настапуваше во тимот на Ал Аин, кариерата ќе ја продолжи во БиХ.
Искусниот ракометар се договори на соработка со босанскиот суперлигаш Горажде, кој во текот на вчерашниот ден како прво засилување за вториот дел од сезоната го промовираше екс ракометарот на Еурофарм Пелистер, Елмир Граџан.
Николиќ во Црна Гора го носеше дресот на Сутјеска и Ловќен, пред да дојде во Македонија каде мина четири сезони во Пелистер, две во Струга и една сезона во Бутел Скопје.
Потоа беше дел од босанската Слобода Тузла, а една полусезона настапуваше и за израелскиот Макаби Димона.
31-годишниот Николиќ ги мина сите репрезентативни категории на Црна Гора и со своето големо меѓународно искусто сигурно ќе биде еден од главните играчи во босанскиот клуб.