Актуелниот светски првак, репрезентацијата на Данска, за ривал во полуфиналето на Европското првенство 2024 ја има домашната селекција.
Селекторот на Данска, Николај Јакобсен,беше краток во поглед на неговите очекувања за вечерашниот дуел со „панцирите“.
,,Бркаме финале, мене не ми е гајле кое првенство ќе го освојам, главната работа е што победувам”, изјави Јакобсен.
Натпреварот меѓу Германија и Данска ќе се одигра со почеток од 20:30 часот.