Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави имињата на 48-те номнирани играчи за Ол Стар тимот на Европското првенство 2024 кое се одржува во Германија.
За секоја позиција има по шест играчи така што секој од ракометарите има свои шанси доколку добие доволен број гласови.
Процесот на избор е комбиниран, освен ракометните љубители, ќе гласа и стручниот тим од ЕХФ.
Гласањето ќе трае од денес, па сѐ до сабота до полноќ. Ол Стар тимот ќе биде објавен пред натпреварите за медал.
Стручниот тим на експерти од ЕХФ ќе има прилика да одбере кој ракометар бил најкорисен играч (МВП) на ова ЕП.
Меѓу номинираните има по тројца репрезентативци на Хрватска и Словенија, која ќе се бори за петто место на ЕП.
Од претходниот Ол Стар тим од 2022 година, место меѓу номинираните имаше за Џим Готфридсон, Јоханес Гола, Матијас Гидсел и Лук Стеинс.
Заинтересираните можат да гласат на апликацијата на ЕХФ, односно на следниов ЛИНК.
Во потесниот избор се најдоа следните ракометари:
ГОЛМАНИ: Константин Местл (Австрија), Доминик Кузмановиќ (Хрватска), Емил Нилсен (Данска), Андреас Волф (Германија), Андреас Паличка (Шведска).
ЛЕВИ КРИЛА: Себастијан Фримел (Австрија), Емил Јакобсен (Данска), Бјарки Мал Елисон (Исланд), Рутгер Тен Велде (Холандија), Александар Блонц (Норвешка), Хампус Ване (Шведска).
ЛЕВИ БЕКОВИ: Никола Билик (Австрија), Симон Питлик (Данска), Никола Карабатиќ (Франција), Јулијан Костер (Германија), Мартим Коста (Португалија), Борут Мачковшек (Словенија).
СРЕДНИ БЕКОВИ: Лукас Хутечек (Австрија), Недим Ремили (Франција), Јури Кнор (Германија), Лук Стеинс (Холандија), Алекс Влах (Словенија), Џим Готфридсон (Шведска).
ДЕСНИ БЕКОВИ: Матијас Гидсел (Данска), Дика Мем (Франција), Габор Анчин (Унгарија), Омар Игни Магнусон (Исланд), Франциско Коста (Португалија), Нилс Верстјенен (Холандија).
ДЕСНИ КРИЛА: Марио Шоштариќ (Хрватска), Роберт Вебер (Австрија), Тимо Кастенинг (Германија), Педро Портела (Португалија), Гашпер Маргуч (Словенија), Себастијан Карлсон (Шведска).
ПИВОТИ: Луис Фраде (Португалија), Бенце Банхиди (Унгарија), Јоханес Гола (Германија), Лудовик Фабрегас (Франција), Магнус Саугструп (Данска), Тобијас Вагнер (Австрија).
ДЕФАНЗИВЦИ: Лука Карабатиќ (Франција), Јулијан Костер (Германија), Магнус Саугструп (Данска), Адријан Шипош (Унгарија), Верон Начиновиќ (Хрватска).