Селекцијата на Австрија е најголемото изненадување на Европското првенство во Германија кое што влегува во самиот финиш.
Еден од ракометарите што остави најдобар впечаток е кружниот напаѓач Тобијас Вагнер, кој е константна опасност за противничките голмани.
Тоа добро го знаеја и во селекцијата на Франција, па на мечот против Австријците, дури четворица ракометари мораа со здружени сили да го запираат корпулентниот Вагнер во нападите.
Вагнер досега постигна 23 погодоци, и покрај триото Билик, Хутечек, Вебер е меѓу најдобрите поединци во составот на Алеш Пајовиќ.
Австрија се уште има шанси за полуфинале на Европското првенство, но покрај тоа што мора да го победи Исланд, ќе мора да чека и пораз на Германија од Хрватска.