Репрезентацијата на Словенија по пауза од 24 години конечно успеа да ја победи Данска на големите натпреварувања.
Словенците против актуелниот светски шампион триумфираа со 28:25 во натпревар од последното коло од групната фаза и на континенталниот собир ќе се борат за петто место.
За Данска денешниот дуел со избраниците на Урош Зорман немаше никакво значење, бидејќи уште во третото коло си го обезбеди пласманот во полуфиналето.
Словенија последен пат имаше триумфирано над Данска во далечната 2000-та година на Европското првенство во Хрватска.
Тогаш Словенија славеше против скандинавската селекција со скоро идентичен резултат (29:25) во натпревар од групната фаза.