Машката репрезентација на Македонија го заврши Европското првенство на 17 место и го поправи за пет позиции пласманот од минатиот континентален собир.
Поразите од Франција со 39-29 и од Германија со 34-25, но и победата над Швајцарија со 29-28 ни донесе трето место во групата.
Сепак тоа значи дека по три меча се враќаме дома и трето ЕП по ред не ја минуваме групната фаза.
Според статистиката, голманското трио Митревски, Кизиќ и Томовски имаа одличен настап и одбранија 31 удар од 131 упатен кон нивните голови. 24% можеби не делува одлично, но ако се знае дека беа оставани често еден на еден со противниците, ова е задоволувачки.
Најдобар стрелец на Македонија е Жарко Пешевски, кој даде 15 гола од 17 обиди, 12 имаше Ненад Костески, а 11 постигна Марко Митев со само едно промашување.
Најголема минутажа имаше токму Костески, кој на теренот мина 2 часа и 27 минути, додека воопшто не влегоа на терен Ѓорѓиев и Савревски. Најдобри асистенти се Филип Кузмановски и Томислав Јагуриновски со 17, односно 10 асистенции, но истите двајца имаат и најмногу грешки, 10 односно 9.
Ако се изземе учинокот на средниот бек Митев, тогаш левите и десните бекови немаа добра реализација 29/59. Комплетната статистика на македонските репрезентативци може да ја погледнете во продолжение…