Репрезентацијата на Грузија стигна до својата историска победа на Европските првенства.
Ракометарите на Тите Каланадзе славеа над Босна и Херцеговина со 22:19 и влегоа во аналите на грузискиот ракомет.
Радоста по историската победа беше голема, а селекторот Каланадзе прослави на специфичен начин, превејќи склекови пред своите ракометари.
,,Прекрасно е чуството да се биде на Европското првенство, и да се оствари победа. Овој излив на емоции не може да се опише со зборови. Атмосферата во салата беше фанстастична, и тоа ни даде дополнителен мотив. Иако во Германија имаше мал број Грузиски навивачи, оние неутралните беа на наша страна и во оваа прилика би сакал да им се заблагодарам”, изјави Каланадзе по натпреварот.
We leave you here with 🇬🇪 celebration and something that seems to be a lost bet. 😅
Good night! 🌙#ehfeuro2024 #heretoplay pic.twitter.com/bXNR1lIa0u— EHF EURO (@EHFEURO) January 15, 2024