Вујовиќ: Денешните ракометари се како дечиња кои одат во училиште!

Репрезентацијата на Србија со реми против Исланд го започна ЕХФ ЕУРО 2024, но веќе во следното кола ги разочара своите навивачи откако загуби од Унгарија со 28:27.

По тој пораз ракометарите на Џерона драстично си ги намалија шансите за пласмам во следната рунда, односно ќе мора да победат со Црна Гора, но и Унгарија ќе мора да го совлада Исланд.

Свој коментар за поразот на Србија даде и поранешниот тренер на Вардар и светска ракометна легенда, Веселин Вујовиќ кој ја критукуваше одбраната на нашиот северен сосед.

 

Многу им дозволија на Унгарците. Каде што одбраната требаше да биде најсилна, ние бевме најслаби. Банхиди даде 10 голови. Во моето време тој не би ни го завршил натпреварот. Тогаш играчите со нож меѓу забите започнуваа натпреварот. Тоа беше борба, војна…

Денешните играчи се навистина добри, талентирани, се борат за својата држава и тоа се гледа, но изгледаат како дечиња кои одат во училиште двајца по двајца. Не е доволно да го бакнуваш грбот и да чукаш во гради. Мораш да се покажеш и на теренот, вели Вујовиќ.