ЕХФ ЕУРО 2024 поставува нови стандарди и ги руши сите рекорди. Домашната репрезентација на Германија го стартуваше ЕП пред рекорден број на гледачи 53.586 кои беа присутни на “Меркур Шпил Арената“ во Диселдорф.
На соброрување на нов рекорд изгледа нема да се чека уште долго. Претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер информираше дека до сега се продадени 82,6 % од вкупниот број на влезници, 94,1% за преелиминарната фаза, доколку се продадат 95% ќе се стигде до бројката од еден милион продададени билети.
Досегашниот рекорд беше на Светското првенство 2019 година во Германија и Данска на кое имаше поголем број на натпревари на кои беа присутни 906.281 гледачи. На Светското првенство 2007 година кое исто така се одржа во Германија присуствуваа 700.000 гледачи.
Сите показатели на ЕХФ ЕУРО 2024 укажуваат на тоа дека рекордот ќе биде соборен. На дневно ниво во просек се продаваат по 3000 билети. Германија веќе го собори рекордот за најголем број на гледачи на Европските првенства кој до сега го држеше ЕП 2020 (Австрија, Шведска и Норвешка) со 495.903 гледачи.