Martin VELKOVSKI, France vs North Macedonia, Men's EHF EURO 2024 Germany, Dusseldorf, Germany, 10.01.2024, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

ДЕНЕСКА НА ЕП: Македонија на мегдан на Германиja

Машката репрезентација на Македонија денес ќе го има вториот предизвик на Европското првенство 2024 кое се одржува во Германија.

Втор ривал на избраниците на Кире Лазаров ќе биде репрезентацијата на Германија, која во првото коло немаше проблеми против Швајцарија.

Македонија на првиот натпревар на Европското првенство загуби од Франција и во денешниот дуел со домашната репрезентација ќе се обиде да остави подобар впечаток.

Натпреварот меѓу Македонија и Германија ќе се одигра во „Мерцедес Арена“ во Берлин со почеток од 20:30 часот.

Од групата А, во која се наоѓа и Македонија, во терминот од 18:00 часот ќе играат репрезентациите на Швајцарија и Франција.

На денешната програма настап ќе имаат и репрезентациите на Србија, Црна Гора и Хрватска.

ДЕНЕСКА НА ЕП:

ГРУПА А

18:00 ШВАЈЦАРИЈА – ФРАНЦИЈА
20:30 МАКЕДОНИЈА – ГЕРМАНИЈА

ГРУПА Б

18:00 РОМАНИЈА – ШПАНИЈА
20:30 ХРВАТСКА – АВСТРИЈА

ГРУПА Ц

18:00 ЦРНА ГОРА – ИСЛАНД
20:30 СРБИЈА- УНГАРИЈА