Тренерот на норвешкиот првак Колстад, Кристијан Берге, и покрај финанските проблеми, реши да ја продолжи соработката и ќе остане во клубот најмалку до летото 2027 година.
Левиот бек на францускиот Екс Ан Прованс, Дмитро Горига, по една полусезона заминува и се сели во катарскиот Ал Араби. До минатата сезона тој беше член на украинскиот шампион Мотор Запорожје.
Левото крило на француската репрезентација Клое Валентини ја продолжи соработката со нејзиниот Мец на уште три сезони и ќе остане во шампионот најмалку до 2027 година.
Десниот бек на Кристијансанд, Ана Вјахирева, според пишувањата на француските медиуми е во преговори со Брест Бретањ. Овој клуб бара замена за Валерија Маслова која се сели во унгарскиот Ференцварош.
Романскиот тим Валчеа објави дека се продолжени договорите со средните бекови Миа Чоке и Ребека Нечула. Германката Чоке, која играше за Баер, Борусија и Сторхамар, потпиша до 2025 година, додека Нечула останува до 2026 година.
Швајцарскиот репрезентативец Лени Рубин, кој игра во одлична форма оваа сезона во дресот на Вецлар, на лето ќе го смени клубот. Тој се обврза на договор на две сезони и ќе остане до 2026 година.