Словенечкиот репрезентативец Борут Мачковшек ја продолжи соработката со унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед. Левиот бек потпиша договор на две сезони и ќе остане најмалку до 2026 година.
Висла Плоцк се договори за долгорочна соработка со полскиот репрезентативец Давид Давижик. Кружниот напаѓач имаше активен договор до 2025 година, а сега го продолжи за уште четири сезони до 2029 година.
Унгарскиот првак Ѓер ја продолжи соработката со десниот бек Ру Еун Хе на уште една сезона, а од клубот заминуваат Холанѓанките Ивет Брох и Ринка Дујиндам, како и унгарската репрезентативка Надин Шатцл.
Тимот на Татабања по ангажманот на Драган Ѓукиќ, работи на играчкиот кадар за следната сезона. Договорите ги продолжија Кристијан Угалде, Педро Родригез, како и екс пелистерците Матео Мараш и Мартон Секељ.
Унгарската репрезентативка Ченге Кучора на крајот на оваа сезона заминува од тимот на Вац и ќе се пресели во Бундес лигата. Средниот бек потпиша договор на две сезони со Турингер.