„Зрели сме за нешто големо на ЕП“

Селекцијата на Србија со големи амбиции и со голема самодоверба оди на Европското првенство во Германија.

Таму за ривали ќе ги има Исланд, Унгарија и Црна Гора, па нема воопшто да им биде лесно на избраниците на Тони Херона да обезбедат главна рунда на континенталниот собир.

Средниот бек Лазар Кукиќ кој игра во одлична форма во Динамо Букурешт, вели дека оваа генерација е спремна и зрела за нешто големо.

„Оваа генерација заслужува место во главната рунда. Ни недостига само завршниот чекор и да влеземе во следната рунда, а потоа се е можно. Наједноставно – треба да излеземе на терен и да победиме. Најдобро сценарио секако е освојување на медал, но има многу добри репрезентации кои го посакуваат истото. Спремни сме и зрели да направиме нешто големо. Ќе биде важно од групата да пренесеме два бода“, вели Кукиќ во интервју за српски „Журнал“.

Со Кукиќ се согласува и селекторот Херона.

„Нашата главна цел се квалификациите за Олимписките игри. Сега не е време да се каже – ќе дадеме се од себе. Треба да се бориме за нешто големо и да избориме шанса да се најдеме на ОИ. А за тоа, јасно е, ќе мора да ги победиме Исланд, Црна Гора и Унгарија во првата фаза. Ова е крајот на процесот сите овие години. Ќе преземе одговорност, не само јас како тренер, туку и сите мои соработници и играчите. Знаеме колку ќе биде тешко, но мислам дека сме спремни за тоа. Овој тим е заедно веќе три години, ги победивуваме Норвешка, Шведска, Франција, Словенија два пати. Момците се спремни да се борат за нешто големо и време е тоа да се случи оваа година“, вели Херона во интервју за „Моцарт Спорт“.

Србите пред настапот на Европското првенство, настапуваат во Гранољерс на турнир, а во првото коло славеа против Словачка со 31-23, додека во следните два дена ги очекуваат пресметки со Полска и Шпанија.