Тимот на Ал Сафа од Саудиска Арабија му го раскина договорот на португалскиот лев бек Андре Гомеш. Тој мина само една полусезона во овој клуб, а причините за прекинот на скапиот договор околу кој се дигна голема прашина, не се познати.
Полската репрезентативка Александра Росиак по две сезони заминува од словенечкиот Крим и ќе се врати во татковината. Левиот бек потпиша договор на две сезони со шампионот Лублин.
Грчкиот шампион АЕК Атина по прекинот на соработката со екс македонскиот селектор и тренер на Вардар, Драган Ѓукиќ, го објави името на новиот стратег. Тоа е Французинот Фредерик Бужан, кој работеше во Нант, Флери Луар, Ростов Дон, а ги водеше како селектор машката и женската селекција на Сенегал.
Унгарскиот репрезентативец Золтан Сита по две сезони во ПИК Сегед, ќе се врати во полската Висла Плоцк каде играше од 2019 до 2022 година. Сита се обврза на тригодишен договор и ќе остане во познатата средина најмалку до 2027 година.
Актуелниот стратег на Бидасоа Ирун, Јакобо Куетара, заминува на лето од овој клуб и ќе има нов предизвик во кариерата. Тој се сели во Торелавега, со која се обврза на договор на четири сезони.