Македонија славеше против јужниот сосед со 33-30 во првата од двете пријателски средби пред Европското првенство.
Десниот бек Мартин Велковски, кој полека ја враќа формата од пред повредата, вели дека победата е залсужена, иако имаше падови во играта.
„Петнаесетина дена минавме на припреми. Се уште чувствуваме замор од припремите, но полека доаѓаме во посакувана форма. Мислам дека одигравме добар натпревар, имавме одредени падови, но заслужено победивме и ќе одиме спремни на Европското првенство“, вели Велковски.
Македонија е во група со Германија, Франција и Швајцарија.
„Нормално е да има возбуда пред едно вакво натпреварување, играме пред цела ракометна јавност. Имаме трешка група, но ние треба да се фокусираме на себе и да се претставиме на најдобар можен начин. Верувам дека ќе ги оправдаме очекувањата на навивачите, пред се со борбеност како што треба да се брани македонскиот дрес“, изјави Велковски.
Првиот натпревар на ЕП, Македонија го игра против Франција во Диселдорф на „Меркур Шпил Арена“ со почеток во 18:00 часот.