Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за квалификациите за кадетското ЕП 2024, за квалификациите за СП 2025, како и за оние од квалификациите за ЕП 2026 во сениорска конкуренција.
Браќата Методија и Михајло Илиевски ќе бидат дел од квалификациите за кадетското ЕП и ќе судат на турнирот во Австрија.
Од 5 до 7 јануари во Австрија покрај домаќинот, за еден од двата билети за ЕП во Црна Гора ќе се борат уште и селекциите на Летонија, Романија и Финска.
Битолските судии секој ден ќе судат по еден натпревар.
ЕХФ ги делегираше официјалните лица и за квалификациите за ЕП 2026, таму во нокаут-фазата задача ќе има Камер Металари.
Тој ќе биде делегат на првата средба од двомечот меѓу Косово и Велика Британија што ќе се игра на 10 јануари од 18:00 часот.