Ракометарот на Вардар, Марко Срдановиќ, ќе биде дел од последната подготвителна фаза на српската репрезентација пред настапот на Европското првенство во Германија.
Срдановиќ доби дополнителен повик од селекторот Тони Херона, откако искусниот Немања Илиќ на еден од тренинзите доживеал истегнување на тетивата на левата нога и ќе мора да остане неколку дена во Белград.
Левото крило на „црвено-црните“ ќе патува во Шпанија и ќе игра на пријателските дуели со Словачка, Полска и домашната репрезентација, но и ќе биде во комбинација за настап на континенталниот собир.
Во Шпанија нема да патува средниот бек на Вардар, Матија Николиќ, како и голманот Милан Бомаштар.
Србија на Европското првенство за ривали во групната фаза ги има Црна Гора, Исланд и Унгарија.