Новиот претседател на Келце, Магдалена Счукиевич, која ја наследи претседателската функција од Бертус Сервас, во разговор за радио ,,Келце” зборуваше за финансиската состојба во полскиот шампион и за евентуалните заминувања.
Счукиевич изјави дека во тек се преговорите со дел од актуелните играчи на Келце за нивно останување, меѓу нив сѐ и Даниел Душебаев и Павел Пачковски.
,,Веќе го продолживме договорот со Аркадиуш Морито, а преговараме за продолжување на договорите со Павел Пачковски и Даниел Душебаев. Мислам дека сѐ ќе се знае до крајот на јануари. Договорите на Дилан Наи и Артем Каралек сѐ со важат до 2025 година, но со нив веќе разговараме. Нашиот состав не е многу променет во однос на минатата сезона, освен заминувањето на Недим Ремили во Веспрем. Затоа, сите цели за тековната сезона се сосема реални. Во втората половина од минатата година во тимот имаше серија повреди. Кога сите наши играчи се здрави, нашите ривали ќе мора да се плашат од нас “, изјави Счукиевич.
Келце по поразот од Висла Плоцк е позициониран на второто место во полскиот шампионат, додека првиот дел од Лигата на шампионите го заврши со биланс од пет победи, две реми и три порази.