Цупара ги разбранува страстите: Судиите без проблем може да наместат натпревар!

Голманот на Динамо Букурешт и српската репрезентација, Владимир Цупара, ги разбранува страстите во ракометните кулоари.

Тој гостуваше во подкастот „Алесто“ и на прашањето дали арбитрите можат да влијаат на резултат на ракометен натпревар и да го наместат, одговори потврдно.

„Искрено мислам дека можат, без проблеми! Проблемот во ракометот и во ватерполото е што судијата може да го смени текот на натпреварот со три одлуки, буквално. Тоа ми се случувало. Кога си играч на теренот, ти не си баш објективен. Секоја одлука против твојата екипа можеш да кажеш дека не е точна. Но кога ќе ги погледнете снимките по натпреварот со мирна глава, тогаш…На ЕП 2022 година, Хрватска победи со 24-21 против Србија, но на овој меч не беше „чиста“ работата од судиска страна. Тие ни ја земаа победата. Ние имавме проблеми со составот поради корона, баш се боревме и беше тежок натпревар. Судиите беа Германци и не се поздравуваме убаво кога ќе се сретнеме. Дадов една изјава после тоа и мислам дека од тогаш немам убав однос со нив, им кажав дека директно влијаеја на исходот“, заврши Цупара.

Србија ја очекува настап на нов континентален собир и ќе биде во група со Унгарија, Исланд и Црна Гора.