Машката репрезентација на Македонија ја доби првата проверка пред ЕП против селекцијата на Црна Гора со 54-51, откако се одиграа 90 минути.
Селекторот Кире Лазаров вели дека ова беше одлична проверка против квалитетен противник со одлични играчи.
„Одлична проверка за нашиот национален тим со сериозен противник кој располага со одлични играчи кои играат во одлични клубови. Резултатот на мечот воопшто не беше важен, идејата беше да го спроведеме сето она што го работевме на подготовките. Момците денеска беа одлични, особено во борбеноста и нивната желба со која влегоа на овој пријателски натпревар. Играчите ќе добијат заслужен одмор. Со работа продолжуваме на 2 јануари“, вели Лазаров.
Следните тестови против Грција ќе се одиграат на 4 и 5 јануари во СЦ „Борис Трајковски“.