Веспрем за „понудата“ за Нилсен – се уште не е 1 април…

Во текот на вчерашниот ден германската легенда Штефан Кречмар ја разбранува ракометната јавност.

Тој во поткасот „Harz Blut“ сподели информација дека унгарскиот гигант Веспрем понудил 2.000.000 евра за трансфер на голманот на Барса, Емил Нилсен.

Веспрем ја негираше оваа инфорација, веднаш му реплицираше на актуелниот спортски директор на Фуксе Берлин и побара од него да ја исправи грешката.

„Се уште не е дојден 1 април, го промашивте датумот. Не очекувавме вакви изјави од сериозен спортски менаџер на сериозен клуб како вашиот. Се надеваме дека ова НЕ Е БЕРЛИН и дека ќе ја исправите грешката“.

Веспрем се „расфрла“ со пари – понуди 2.000.000 евра за Нилсен!