Машката младинска репрезентација на Македонија веќе ги знае ривалите на следните ЕХФ недели.
Избраниците на Раде Стојановиќ за време на ЕХФ неделата во март ќе играат на домашен терен на два пати против бронзената селекција од последното СП, Хрватска.
Потоа во мај, додека сениорите ќе се борат за место на СП, младинците ќе играат на гостински терен натпревар со селекцијата на Чешка.
Овие натпревари ќе бидат дел од подготовките за настап на младинското Европско првенство во Словенија од 10 до 21 јули.