Машката репрезентација на Македонија влегува во последните два дена од подготовките во Стара Пазова.
Таму во текот на утрешниот ден ќе биде одигран пријателскиот натпревар против селекцијата на Црна Гора.
Планот е тој да започне околу пладне, а според договорот на двајцата селектори Кире Лазаров и Владо Шола ќе се игра три пати по 30 минути.
Лазаров има 19 ракометари на располагање, а по пријателските средби со Грција ќе биде познато кои ќе патуваат во Германија.
На 31 декември и 1 јануари, ракометарите ќе имаат два слободни дена, а на обврските се враќаат на 2 јануари.
Двете средби со јужниот сосед на Македонија ќе се играат на 4 и 5 јануари.