Oткако на лош начин се разделија со првата ѕвезда на клубот, Милена Раичевиќ, тимот на Будуќност остана без уште една од легендите.
Катарина Булатовиќ поднесе оставка од Управниот Одбор на клубот, објави црногорскиот првак.
Според соопштението се работи за лични причини, но многу веројатно ваквиот чекор е поврзан со неодамнешното заминување на Раичевиќ.
Претходно Будуќност остана и без Радмила Петровиќ, која беше спортски директор, а на нејзино место дојде токму Булатовиќ.
Откако поднесе оставка од УО, нејасно е дали Булатовиќ ќе продолжи да ја извршува функцијата спортски директор.