Селекцијата на Луксембург, по неуспешниот квалификациски циклус за ЕП 2024 во кој загуби два пати од Македонија и Португалија, се подготвува за новите предизвици.
Луксембург во јануари во рок од седум дена ќе одигра четири квалификациски средби за две големи натпреварување.
Во првата фаза од квалификациите за СП 2025 што ќе се игра во Данска, Норвешка и Хрватска, Луксембург ќе игра двомеч со Израел на 17 и 18 јануари на домашен терен.
Победникот од овој двобој ќе се пласира во првиот бараж, каде што за ривал ќе ја има селекцијата на Словачка.
Претходно на 11 и на 14 јануари, Луксембург ќе биде дел од претквалификациите за ЕП 2026 година и ќе игра на гости и дома против селекцијата на Летонија.
Победникот ќе обезбеди место во квалификациите за ЕП 2026 година, каде со уште 31 селекција ќе бие битки за место на континенталниот собир во Данска, Шведска и Норвешка.