ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Почнуваат контролите пред ЕП, нов предизвик за Чаневски

Денес со натпреварот меѓу Полска и Аргентина ќе стартуваат контролите пред Европското првенство 2024.

Полска на континенталниот собир во Германија ќе игра во група заедно со репрезентациите на Норвешка, Словенија и Фарски Острови.

Полјаците пред настапот на Европското првенство ќе одиграат уште еден пријателски меч со јужноамериканската репрезентација.

Составот на Марцин Лијевски ќе тестира и против Шпанија и Србија, кои исто така се учесници на Европското првенство, како и против Словачка.

На денешната програма свој настап ќе имаат и двајца интернационалци од Македонија.

Голманот Градимир Чаневски заедно со екипата на Макаби Ришол Ле Зион во рамки од 11. коло од израелскиот шампионат силите ќе ги одмерат со градскиот ривал Макаби Тел Авив.

Македонската репрезентативка Симона Маџовска во натпревар од Бундес лигата ќе му гостуваат на Хале Нојштад.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

19:00 ХАЛЕ НОЈШТАД – ЦВИКАУ (ГЕРМАНИЈА)

19:00 АРАНАС – АЛИНГСАС (ШВЕДСКА)

19:00 ХАЛБИ – СКОВДЕ (ШВЕДСКА)

19:00 ИШТАД – МАЛМЕ (ШВЕДСКА)

19:30 МАКАБИ ТЕЛ АВИВ – МАКАБИ РИШОН (ИЗРАЕЛ)

20:15 ПОЛСКА – АРГЕНТИНА (ПРИЈАТЕЛСКИ)