Екипата на Куманово е решена и следната сезона да остане во суперлигашката конкуренција и да се натпреварува со најдобрите екипи на домашна сцена.
За остварување на целта, раководството на клубот ангажираше ново засилување за вториот дел од натпреварувачка сезона 2023/24.
Ново име во Куманово е поранешниот кадетски репрезентативец на Македонија, Наум Костов. Десното крило редовите на Куманово ги засили од Аеродром, во суперлигашкиот дебитант настапуваше од вториот дел од минатата сезона.
Костов беше меѓу најзаслужните за пласманот на Аеродром во Супер лигата и со одличната форма продолжи и во оваа сезона. Охриѓанецот ќе биде замена за младинскиот репрезентативец Јован Даневски, кој ќе се пресели во Тиквеш.
Куманово за битката за опстанок ги ангажираше уште Михајло Стевовиќ, Милош Благојевиќ, Алекса Радичевиќ, како и повратникот Вучко Мрвовиќ.