МВП НА 14. КОЛО ОД СУПЕР ЛИГАТА – МЕРИС БОШЊАК (СТРУГА)

Десниот бек на Струга, Мерис Бошњак, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 14. коло од Супер лигата.

За членот на Струга ова е второ МВП признание во оваа сезона, беше најкорисен играч и на 4. коло во суперлигашката конкуренција.

Црногорскиот интернационалец на клучниот натпревар против Аеродром одигра на врвно ниво постигнувајќи осум погодоци и беше меѓу најзаслужните за пласманот на Струга во плеј-оф фазата.

Младиот ракометар немаше голема конкуренција на гласањето, освои околу 50% од гласовите.

Номинирани за МВП на 14. коло беа уште Андреј Петковски, Петар Атанасијевиќ, Теимураз Орјоникидзе, Ласко Андоновски, Ненад Белистојаноски и Милан Лазаревски.