Перфекција за Бисинов – со 12 победи на 12 меча ја заврши годината

Амбициозниот прволигаш со суперлигашки амбиции, Бисинов од Велес, со 12 победи на 12 меча го заврши регуларниот дел од Првата лига.

Последниот триумф беше обезбеден на гостувањето кај Партизан со убедливи 22 гола разлика, 36-14.

Со овие три бода, Бисинов има вкупно 36 и тоа значи дека ќе пренесе максимални три бода во разигрувањето за Супер лига.

На полувреме велешкиот тим во Гевгелија имаше предност, 19-10, а во вториот дел му дозволи само четири гола на ривалот.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Димитров со седум и Ристевски со пет гола, додека кај гевгеличани се истакна Ангелов со четири погодоци.