Македонската репрезентативка Сара Ристовска од следната сезона ќе ги брани боите на амбициозниот Рапид Букурешт. По пет години минати во рускиот шампион ЦСКА Москва, десното крило ќе има нов предизвик во кариерата.
Рапид Букурешт оваа сезона игра во Лигата на шампионите, а на добар пат е и следната сезона да биде дел од елитната конкуренција.
По настапите за Металург, Вардар, Крим и ЦСКА Москва, романскиот клуб ќе биде петти во кариерата на македонската репрезентативка.
Таа остави длабока трага во руската престолнина и стана најдобар клупски стрелец во историјата на ЦСКА Москва.
Претходно тимот предводен од шпанскиот стратег Давид Гинеста се засили со црногорската интернационалка Милена Раичевиќ и левиот бек Стефанија Стојка.
Во Рапид Букурешт во моментов играат Холанѓанката Естевана Полман, Шпанките Алисија Фернандез и Марта Лопез, потоа Хрватката Ивана Капитановиќ, Србинката Ангела Јанушевиќ…