Машката репрезентација на Македонија ќе одигра најмалку три пријателски натпревари пред стартот на Европското првенство во Германија.
На 29 декември ривалот е Црна Гора, но тој дуел се игра во Стара Пазова, а се прават напори да се најде ривал и за 27 декември – можеби некој клуб од Србија или репрезентација што ќе се подготвува таму.
На 4 и 5 јануари се средбите со Грција во СЦ „Борис Трајковски“. Првиот меч со јужниот сосед стартува од 17:00 часот, а ќе биде од отворен тип и навивачите ќе може да ги гледаат во живо своите миленици.
Втората средба ќе биде од затворен тип и селекторите веројатно ќе ги испробуваат тактичките варијанти пред стартот на Европското првенство.
Македонија е во група со Германија, Франција и Швацјарија, а првата средба е на 10 јануари против Французите на стадионот „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф.