Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија, Наум Танески, го скрати списокот на ракометари пред квалификациите за ЕП 2024.
Tој ќе смета на 20 ракометари на подготовките, а на списокот има уште шестмина како резерви кои би можеле да се приклучат доколку има потреба за тоа.
На списокот се наоѓаат и средниот бек Дамјан Митев и пивотот Самоил Ристевски, кои веќе имаат настап зад себе на големо натпреварувње.
Македонија е во група со Косово, Словачка и Швајцарија, а квалификацискиот турнир се игра во Автокоманда од 5 до 7 јануари.
Подготовките на кадетите стартуваат на 25 декември во 09:30 часот, а сите натпревари нашата репрезентација ќе ги игра од 15:00 часот.
Познат „возниот ред“ за кадетите – на Бадник и Божиќ по пласман на ЕП