ТРИ ЅВЕЗДИ НА 12. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, од сезонава избира и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за вторпат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 12. коло од единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.

Во изборот за ѕвезда на 12. коло има по една ракометарка од Металург Автокоманда, Куманово и Чаир.

За ѕвезда на колото може да гласате до недела до 12:00 часот.

Женска лига, 12. коло, резултати:

Стружанка – Металург Автокоманда 18:34 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – Деспина 33:28 (ИЗВЕШТАЈ)
Пелистер  – Спартак 35:27 (ИЗВЕШТАЈ)
Астибо –  Ѓорче Петров 22:42 (ИЗВЕШТАЈ)
Шампион – Чаир 11:56 (ИЗВЕШТАЈ)
Куманово – Овче Поле СУ 38:14 (ИЗВЕШТАЈ)
Гевгелија – Скопје 24:33 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 12. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА?

Марија Гугуљанова - Металург Автокоманда
49.09%
Сузана Зечевиќ - Куманово
34.55%
Стефанија Ѓеоргиевска - Чаир
16.36%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 12. КОЛО

Марија Гугуљанова (Металург Автокоманда) – Десното крило одигра на одлично ниво против Стружанка и со 14 погодоци го водеше својот тим до убедлива победа.

Сузана Зечевиќ (Куманово) – Црногорската интернационалка во победата против Овче Поле СУ имаше девет погодоци и неколку асистенции кон своите колешки.

Стефанија Ѓорѓиевска (Чаир) – Младата ракометарка беше извондредна во дуелот со Шампион, зад своето име запиша 12 погодоци.