Скопје ја освои Гевгелија

Ракометарките на Скопје ја забележаа четвртата победа оваа сезона во Женската лига, откако славеа на гостувањето кај Гевгелија со 33-24.

До 3-3 се играше гол за гол, а потоа Скопје предводен од Равојска и Ристиќ поведе со 7-3 и најави дека е дојден за трите бода.

Грешките кај гевгеличанки се зголемуваа, а беа казнувани од гостинките и Скопје полека се одлепи на плус осум, 15-7. До паузата домашните успеаја да намалат на минус шест, 18-12.

Во вториот дел Скопје играше рутински, Гевгелија најмногу што направи е што се доближи на минус пет, но немаше сили за некаков камбек во натпреварот.

Равојска со осум и Ристиќ со седум гола беа најдобри стрелци во победничкиот состав, додека кај Гевгелија се истакнаа Динева и Димова со по шест погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ23221067
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА22191258
3ЧАИР23191358
4ВАРДАР22171452
5КУМАНОВО22160648
6СТРУЖАНКА221111034
7ПЕЛИСТЕР 2012221011131
8ДЕСПИНА23911328
9СКОПЈЕ22821226
10СПАРТАК22811325
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.23431615
12АСТИБО22401812
13ШАМПИОН2321207
14ГЕВГЕЛИЈА2310223