Одличниот Талески недоволен за Бенфика, Спортинг слави трофеј во Супер Купот

Тимот на Бенфика остана без трофејот во Супер Купот на Португалија, откако загуби во финалето од Спортинг Лисабон со 38-34.

Одличната партија на македонскиот репрезентативец Филип Талески и Германецот Оле Рамел не беше доволна за тимот на Хота Гонзалес.

Талески беше стрелец на шест погодоци и го одигра можеби најдобриот натпревар во португалскиот тим, додека Рамел постигна седум.

Ова за Бенфика не беше последна обврска за оваа година, бидејќи на 20 декември ќе игра дома натпревар од португалскиот шампионат.

Претходно во полуфиналето, Спортинг го елиминира Порто (Митревски, 5 одбрани) и го совлада со 35-34, а Бенфика (Талески, 2 гола) славеше против Мадеира со 37-31.