MВП титулата за Реистад, Јерабкова е најдобар стрелец на СП

Со финалето меѓу Франција и Норвешка, кое го добија Французинките со 31-28, беше спуштена завесата на Мундијалот во Данска, Шведска и Норвешка.

По финалето беше прогласен и идеалниот тим, како и најкорисната ракометарка, најдобар стрелец и најдобра млада ракометарка.

МВП на СП е Норвежанката Хени Реистад, додека најдобар стрелец е чешката репрезентативка Маркета Јерабкова со 63 погодоци.

Реистад постигна 52 гола со 74% на реализација, а таа беше во идеалниот тим и на минатото СП во Шпанија.

Шампионот Франција има три ракометарки во идеалниот тим, додека од Норвешка една се најде во идеалниот тим и една е МВП.