Десниот бек на шведската репрезентација, Албин Лагергрен, потпиша нов договор со европскиот шампион Магдебург. Некогашниот играч на Рајн Некар Левен, Кристијанштад, Редбергслидс…ќе остане во бундеслигашот најмалку до 2028 година.
Германскиот Фуксе Берлин на официјалниот сајт објави дека се продолжение договорите со главниот тренер Јарон Сиферт и спортскиот директор Штефан Кречмар до 2026 година.
Унгарскиот првак Веспрем објави дека се продолжение соработките со средниот бек Јахја Елдера и десното крило Никита Вајлупов до 2026 година. Францускиот ас Кентан Мае заминува од екипата, иако имаше опција во договорот да остане и следната сезона.
Легендарниот данскиот ракометар Томас Могенсен, кој одлично се снаоѓа и на тренерската функција, ја продолжи соработката и ќе продолжи да го води тимот на Сондерјиске до 2027 година.
Амбициозниот Криенс Луцерн, кој атакува на титула во Швајцарија, на лето ќе се раздели со тренерот Петар Кукучка. Словакот дојде во Луцерн во 2022 година и му донесе трофеј во Купот на Швајцарија на Криенс.