Поранешниот репрезентативец на Македонија, Филип Чурлевски, продолжува со солидните партии во шампионатот на Финска.
Чурлевски и тимот на ГРИФК во натпревар од 13. коло славеа убедливо над Дикен со 31:23.
Битолчанецот одигра на ниво, трипати погоди во голот на гостите и подели неколку асистенции кон своите колеги.
ГРИФК со освоените бодови остана во игра за првата позиција на табелата, сега има 20 бода, додека актуелниот лидер БК-46 има четири бода повеќе.
Во следното коло Чурлевски и колегите ќе му гостуваат на АИФК, кој се наоѓа на последното место.