На Светското првенство 2023, кое се одржува во Данска, Шведска и Норвешка, некои репрезентациии целосно потфрлија и не ги остварија зацртаните цели.
Репрезентацијата на Србија е најголемото разочарување на Мундијалот, откако настапот го заврши со пет порази, два од нив беа во групната и три во главната фаза.
Србинките го совладаа само Чиле и триумфот над јужноамериканската репрезентација беше доволен да ја поминат групната фаза.
Избраничките на Урош Брегар одиграа лошо во главната фаза, ги загубија сите три дуели и настапот на Мундијалот го завршија на 21. позиција.
За Србија ова е најлошиот пласман на големите натпреварувања. Подобар пласман од нашиот северен сосед остварија репрезентациите на Аргентина, Сенегал, Јапонија, Ангола…
Екс селекторот на Македонија, Ивица Обрван, заедно со Хрватска за милиметар не успеаја да обезбедат пласман во четвртфиналето, откако во неизвесен финиш загубија од Унгарија.
Иако Хрватска беше многу блиску до ТОП 8, сепак, на крајот заврши на 14. позиција и остана без квалификации за Олимписките игри.
Словенија и Црна Гора, која ќе разигрува за пласман од 5 до 8 место, обезбедија олимписки квалификации.
Конечен пласман (9-32 место)
9. Бразил
10. Унгарија
11. Словенија
12. Романија
13. Шпанија
14. Хрватска
15. Ангола
16. Полска
17. Јапонија
18. Сенегал
19. Австрија
20. Аргентина
21. Србија
22. Јужна Кореја
23. Украина
24. Камерун
25. Исланд
26. Конго
27. Чиле
28. Кина
29. Парагвај
30. Казахстан
31. Иран
32. Гренланд