- Капитенот на Хановер, Мариус Штајнхаузер и левото крило Хан Фајзе ги продолжија соработките со бундеслигашот до 2026 година. Штајнхаузер настапува за Хановер од минатата сезона кога дојде од Фленсбург и веднаш стана еден од лидерите на тимот.
- Поранешниот тренер на Вецлар, Бен Мачке, ќе биде замената за легендарниот Маркус Баур на клупата на Гепинген. Раководството на бундеслигашот не беше задоволно од Баур со кој нема да биде продолжена соработката и ќе му даде шанса на Мачке кој потпиша договор до 2026 година.
- Откако беа продолжени договорите со Домагој Дувњак и Никола Билик, раководството на Кил договори нова соработка и со пивотот Питер Оверби. Норвешкиот репрезентативец потпиша договор со тимот на Филип Јиха до 2026 година.
- Францускиот Шамбери ќе има нов голман од следното лето. Станува збор за актуелниот чувар на мрежата на Данкерк, Валентан Кифер. 24-годишниот Кифер потпиша договор до 2026 година.
- Данскиот шампион ГОГ Гудме во новата сезона ќе има нов предводник. Станува збор за Каспер Кристенсен, кој во моментов го води женскиот тим на Икаст и има одлични резултати во Лигата на шампионите. Гудме оваа сезона немаше среќа со заменикот на Николај Крикау, Јан Марко Фог, па до крајот на сезоната клубот ќе го води Микел Воигт.
- Официјалниот сајт на Хановер објави дека хрватскиот интернационалец Илија Брозовиќ по седум сезони ќе си замине од клубот. 32-годишниот кружен напаѓач за Хановер досега одигра 245 натпревари и постигна 525 гола.