Ѓорче Петров осамен на врвот – има 11 од 11, голем скок на Деспина

Со натпреварот меѓу Стружанка и Куманово беше комплетирано 11. коло во Женската лига. Лидер на табелата, без ниту еден загубен бод, е актуелниот бранител на титулата Ѓорче Петров.

Избраничките на Симе Симовски на речиси сите натпревари немаа поголеми проблеми за да дојдат до победа, прославуваа двоцифрено, троцифрено…а на натпреварот против Шампион постигнаа дури 62 погодоци.

Последните натпревари од овој дел од сезоната за „лавиците“ од Ѓорче Петров ќе бидат загревање за осминафиналниот двобој со Кинжварт во Европскиот Куп.

Ѓорче Петров дуелите со Кинжварт ќе ги одигра во текот на месец јануари. Првиот натпревар за место во ТОП 8 е на програмата на 13 јануари во салата во Автокоманда, додека реваншот ќе се одигра на гостински терен на 20 јануари.

Во трка за шампионската титула сѐ и Чаир, Металург Автокоманда, како и вицепрвакот Куманово, а на треба да се отпишува ниту екипата на Вардар.

Голем прогрес на табелата направи Деспина, која до пред еден месец немаше ни бод, а сега има 13 бода и се наоѓа на средина на табелата, односно на 7. позиција. Прилепчанки најпрво го совладаа Скопје, потоа следуваше реми со Овче Поле СУ, па триумфите над Гевгелија, Шампион и Астибо.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080