Ракометарките на Деспина во натпревар од 11. коло од Женската лига на свој терен го совладаа Астибо со 28:22.
Прилепчанки со новите освоени бода направија голем прогрес на табелата и сега се израмнија со Пелистер, двете екипи имаат по 13 бода.
Составот на Страшо Илиески од почетокот па до крај имаше предност и не дозволи гостинките ниту еднаш да израмнат или да поведат.
Деспина на полувреме имаше шест гола позитива, 13:7, во исто темпо продолжи и во вториот дел, во кој гостинките никако не можеа да се доближат.
Кај победничката екипа прво име беше Ангела Камческа со седум погодоци, шест додаде Сања Цветкоска, по пет реализации имаа Лилјана Димитрова и Евгенија Цанеска.
Во поразениот табор половина од погодоците ги постигна искусната Марија Анчева, која натпреварот го заврши со 11 реализации.