НЕСЕКОЈДНЕВНО: Ѓорче Петров постигна 62 гола во пресметката со Шампион!

Како во времињата на Кометал, актуелниот првак на Македонија Ѓорче Петров постигнува повеќе од 40, 50 или 60 погодоци во натпреварите од Женската лига.

Така беше и на денешниот натпревар против Шампион, кој избраничките на Симе Симовски го добија со 62-17!

Беше 1-1 на стартот, потоа домаќинките погодија десет пати по ред за 11-1 и се знаеше текот на мечот, а до паузата беше 32-6.

Емилијана Ризоска постигна 20 погодоци на овој дуел, додека младата Ева Божиновска стрелаше девет пати во голот на Шампион. Кај поразениот тим се истакна Марија Бојковска со седум гола.

Ѓорче Петров сега има 11 победи на 11 меча, а до крајот на есенскиот дел од сезоната, за шампионот остануваат средбите со Астибо на гости и со Вардар на домашен терен.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080